ХАН за РСЕ: Неопходно да има политичка дискусија и дебата
Аферата „Прислушување“ треба да ја разрешат надлежните институции, но ако е неопходно исто така треба да има комитет во Парламентот кој ќе се справи со ова прашање, но тоа зависи од присуството на сите политички партии во Парламентот, вели еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика Јоханес Хан во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
На прашањето каков е ставот на Европската комисија за последните политички случувања во земјава поврзани со полициската акција Пуч, еврокомесарот истакнува дека тие ги повикуваат сите страни да го решат овој проблем.
„Оние кои ги имаат материјалите треба целосно да ги откријат и сите се добро советувани да ја остават работата на процедурата согласно владеење на правото. И да се справат со тоа на адекватен начин, како што се очекува од земја со европска перспектива“, вели Хан.
Случајот со презентирањето на доказите за прислушување кои ги објави опозицискиот СДСМ Хан ги коментира како нешто многу сериозно и уште еднаш порача дека неговата препорака е дека работите треба да бидат разјаснети и истражени од оние луѓе кои правно се задолжени за таква процедура.
Но, вели дека доколку е неопходно исто така треба да има, како што е вообичаено во многу земји, според политичката пракса, да има комитет во Парламентот кој ќе се справи со ова прашање, но тоа зависи од присуството на сите политички партии во Парламентот. Ова е уште една добра причина и затоа има многу смисла сите политички партии да се во Парламентот и политичкиот дијалог да се одвива во Парламентот.
За враќањето на политичкиот дијалог тој посочува дека е неопходно и е дел од зрелоста на демократијата да се има дијалог и отворени канали за разговор. Секако, никој не бара од сите да се согласат за сè, но во добро развиена демократија мора да има култура на пронаоѓање компромиси. Ова е сигурно нешто кога некој може да каже оти во земјата сè уште има недостаток од оваа способност да се најде и да се постигне согласност и политички компромиси.
Целото интервју прочитајте го тука.
