Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хан: За нас е важно изборите да се фер и демократски, а не кој ќе учевствува на нив!

Хан: За нас е важно изборите да се фер и демократски, а не кој ќе учевствува на нив!

Како очекувате да се развие ситуацијата во Македонија, откако премиерот Никола Груевски поднесе оставка и беше назначен службен кабинет, но опозицијата во лицето на СДСМ одбива да оди на избори во април, бидејќи се сомнева дека тие ќе бидат фер? Што ќе се случи ако социјалистите го бојкотираат гласањето, и што е подобро - тие да бидат спроведени без нив или да се бара компромис?-е прашање кое бугарскиот медиум „Капитал“ му го постави не европскиот комесар за време на интервјуто направено од овој медиум.

На ова прашање Хан одговорил:

„Договорот меѓу опозицијата и Груевски за решавање на политичката криза во Македонија има многу елементи и изборите во април се само еден од нив. Дел од овие елементи се исполнети, иако и по крајниот рок, кој беше предвиден. Се разбира, во таква чувствителна ситуација е убаво да има национален консензус. Но треба да се претпостави дека тоа може и да не се постиге. Она што е важно за нас, е изборите да се фер и демократски. Работиме со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и тие ќе испратат повеќе луѓе од вообичаеното да ја набљудуваат како подготвителната фаза на гласови, па и самото гласање во изборниот ден. Во Турција пример на последните избори имаше 30 набљудувачи, а сега во Македонија, помала држава, ќе има 24. ОБСЕ се подготвени да соработуваат и со македонската изборна комисија, ако таа побара помош. Пак ќе кажам, за нас клучно е изборите да се случат на чесен, транспарентен и демократски начин. Не е важно дали сите ќе учествуваат, важен е квалитетот на изборниот процес. Врз основа на ова може да се направи следниот чекор и да продолжиме напред.

Ако има позитивен резултат од тоа, очекувам дека земјите од ЕУ да работат проактивно за решение на проблемот со името. Бидејќи блокирањето на преговорите за членство на Бугарија и Грција придонесува за создавање на оваа атмосфера и за ситуацијата што ја имаме во Македонија во моментов. Потребни се политички одлуки првенецот во балканското одделение. Сега е во далеку полоша форма. И искуството покажува дека ако државите немаат европска перспектива нештата се изјаловуваат.

-До кој степен е подготвен ЕУ да го користи овој притисок во однос на Македонија, која со години при управувањето на Груевски оди во непријатна насока?

Прво, важно е дека ние ја оценуваме подготовката и реализацијата на изборите. Ова го прават експерти од меѓународни организации. Ние сметаме на нивните извештаи.

Второ, ако една држава има статус на кандидат за членство десет години по ред, и уште шест години Европската комисија препорачува да се почнат преговори, но тоа не се случува, зашто нема едногласност, секако, не е лесно. Сепак мислам дека успеваме процесот да го вратиме на патеката, но неопходно е и ЕУ да направи нешто, инаку сѐ е бесмислено. Ако Македонија докаже дека е ориентирана кон ЕУ и кон НАТО, тоа треба да биде наградено, и навистина ќе добие покана за почнување преговори. Ако тоа не се случи, ќе имаме поинаков развој, а тоа не е во интерес на мнозинството граѓани.

Од опозицијата денеска пак му порачаа на еврокомесарот дека нема квалитетни избори без еднакви можности за сите политички субјекти рамноправно да учествуваат во изборниот процес.

Од СДСМ велат дека и самиот комесар потврдил дека не се исполнети сите точки од договорот, а токму тие точки обезбедуваат фер и демократски избори: регулирани медиуми и прочистен Избирачки список.

Фер избори и процес нема без целосна имплементација на договорот од Пржино, смета опозицијата.

Слично

Поврзани вести