Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хан во Косово: Дијалогот е важен!

Хан во Косово: Дијалогот е важен!

Комесарот за проширување на Европската унија Јоханес Хан, денеска пристигна во посета на Приштина со јасни пораки: на насилството не му е место во институциите и дека продолжување на дијалогот со Белград е важна работа.

Во текот на свечената седница на Собранието на Косово тој наведува дека Спогодбата за стабилизација и асоцијација е важен чекор за иднината, но и дека тоа не може да ги реши внатрешните проблеми и ги повика политичките лидери на дијалог.

Дијалогот е во интерес на Косово и неговите граѓани. Дијалогот со Србија стана составен дел од прогресот на Косово кон Европа. Ги повикувам луѓето на Косово да не гледаат на дијалогот како на препрека туку како на можност да се унапреди косовската европска агенда и нејзините интеграции. Косово може многу да добие,а без дијалог може се да изгуби“, рекол Јоханес Хан.

Меѓутоа опозицијата на Косово но овој пат не ја пропушти приликата за протест. Тие во салата на собранието изнеле транспарент со натпис: „Неправедни спогодби нема да поминат“.

Мустафа, премиерот на Косово пак изјавил дека сите постигнати договори ќе бидат имплементирани.

Слично

Поврзани вести