ХАН ТВРДИ: Списокот за апсењата во Турција е однапред подготвен
Брзото задржување на судии и други лица по неуспешниот обид за пуч во Турција покажува дека владата имала прелиминарен список. Ова го изјави еврокомесарот Јоханес Хан, цитиран од „Ројтерс“.
По обидот за воен удар во Турција властите уапсија речиси 3.000 војници, како и ист број судии и обвинители. Според Јоханес Хан - еврокомесар за преговорите за проширување и политика на соседство - листата бил претходно подготвена.
„Во најмала рака изгледа дека нешто било подготвено. Списоците се присутни, што сугерира дека тоа било подготвено и требало да се користи во некоја фаза“, рече Хан.
„Многу сум загрижен. Ова е токму она од што се плашевме“, додаде еврокомесарот.
По неуспешниот обид за воен удар во Турција може да биде вратена смртната казна.
„Во врска со обидот за воен удар, ќе поставиме за разгледување на веројатното враќање на смртната казна за оние кои се поврзани со обидот за пуч“, изјави во саботата Мехмет Муезиноглу, министер за здравство.
Претходно денеска, 18 јули, турскиот амбасадор во Бугарија Сулејман Гјуокче категорично ги отфрли тврдењата за сценарио од страна на турскиот претседател Ердоган.
За односите меѓу Турција и САД аналитичари коментираат дека нема како Турција да е во војна во САД, ако Фетуллах Гулен не биде екстрадиран од Пенсилванија во Турција, како што побара според бројни медиуми Реџеп Ердоган.
