Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хан телефонски се обидува да се помири со Заев

Хан телефонски се обидува да се помири со Заев

Еврокомесарот Јоханес Хан му се јавил на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, за да ја разјасни ситуацијата по изјавата на опозицискиот лидер дека одбива да учествува на средбата со еврокомесарот и Никола Груевски во средата во Брисел.

Еврокомесарот повтори дека тој целосно и неповратно ги поддржува заклучоците на набљудувачите за минатогодишните избори, вклучувајќи дека имало голем број сериозни недостатоци, особено за употребата на државниот ресурс за партиски цели, тврдењата за заплашување на гласачите и пристрасноста на медиумите во корист на владејачката партија. Европската комисија исто така редовно изразуваше загриженост поради точноста на избирачките списоци. "Сите овие прашања треба итно да се решаваат во согласност со препораките на ОБСЕ-ОДИХР и Венецијанската комисија", рекол Јоханес Хан.

Еврокомесарот ги повика сите партиски водачи да ги почитуваат ветувањата дадени на 2 јуни, за да се надмине кризата. "Тоа е во интерес на граѓаните на земјата", вели Хан во изјавата по телефонскиот разговор со Заев.

Претходно денеска Заев изјави дека одбива да оди на преговорите во Брисел со ВМРО-ДПМНЕ на 10 јуни по изјавата на еврокомесарот Хан од Вашингтон дека изборите од 2014 година биле "позитивни".

Слично

Поврзани вести