Хан: Слободата на медиумите е од клучна важност
Слободата на медиумите и изразувањето е од примарна важност за процесот на проширување на Европската унија, порача комесарот за соседна политика и проширување Јоханес Хан, отварајќи ја конференцијата за слобода на медиумите во Брисел.
Хан, отварајќи ја конференцијата „Спик ап“ (проговори) за слободата на говорот на Западен Балкан и Турција, рекол дека медиумската слобода е во самото срце на политиките за проширување.
Тој истакнла дека слободата на говорот не е предмет на преговори и дека длабоко е загрижен поради вознемирувачките вести кои доаѓаат од регионот и Турција.
„Не може да се говори за владеење на правото и истовремено да се затвораат новинари само заради критикување на власта“, рекол комесарот вонјасната алузија на Турција, која држи светски рекорд во бројот на новинари осудени на затворски казни.
Укажал на тоа дека новинарите денес се соочуваат со бројни предизвици и дека во центрите на моќ и медиумски магнати во интерес е да има што помалку независно и истражувачко новинарство.
„Се откажуваат популарни политички телевизиски програми, се губи истражувачкото новинарство, а не верувам дека тоа е знак дека политичарите станале чесни и дека е се во ред“, рекол комесарот.
Хан забележал дека ЕУ има извесна моќ да влијае на власта да не ја загрозува слободата на печат само во текот на претстапните преговори, а да после зачленувањето нема веќе влијание на тоа.
„Поради тоа е неопходно слободата на медиумите да се обезбеди во текот на преговарачкиот процес, бидејќу после е доцна“, рекол Хан.
Пратеничката и потпретседателка на Европскиот парламент Улрике Луначек го критикуваше Хан што оваа конференција не ја закажал пред изборите во Турција и рекла дека затворањето на медиумски куќи и кривичен прогон на новинари во Турција е сосема неприфатливо.
