Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хан: Сите очи се свртени кон вас да го сработите договореното

Хан: Сите очи се свртени кон вас да го сработите договореното
Еврокомесарот Јоханес Хан ги поздрави политичкиот договор на четирите партии и рече дека сега  најважна е неговата реализација. "Ова време е од суштинско значење за Македонија. Сите очи се свртени кон вас да го сработите своето пред октомврискиот извештај за напредокот на земјата кој треба да ги нотира достигнувањата", истакна еврокомесарот за проширување на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции. Хан вели дека е задоволен што опозицијата се врати во парламентот и што се запазиле предвидените рокови од договорот од Пржино. Тој го поздрави изборот на новата специјална обвинителка и рече дека ќе и биде дадена целата потребна поддршка за да си ја врши како што треба работата. Еврокомесарот Хан во рамки на билатералниот престој во Македонија денеска одржа поединечни средби со лидерите на политичките партии за да се направи пресек на резултатите и напредокот во преговарачкиот процес.
Слично

Поврзани вести