Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хан пристигна во Македонија – ќе успее ли да ја реши кризата?

Хан пристигна во Македонија – ќе успее ли да ја реши кризата?

Еврокомесарот за проширување на ЕУ Јоханес Хан денес пристигнува во Македонија, за да помогне во преговорите за изнаоѓање на излез од политичката криза во земјата.

Хан ќе ја истакне итноста да се најде решение за надминување на актуелната криза, тоа го изјавила пред посетата Маја Косанчиќ, портпаролката на комесарот за проширување и добрососедство.

Во разговорите со македонските политичари во Скопје Јоханес Хан ќе инсистира и за заемна посветеност спрема предизвиците со кои се соочува земјата, додаде уште Косанчиќ.

Таа сепак не сакаше да одговори дали е можно решение на политичката криза во текот на денешните средби на Јоханес Хан, македонските политички лидери и посредниците европратеници Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгл.

Според некои информации, Јоханес Хан ќе предложи неформален почеток на т.н. скрининг процес на Македонија со Европската комисија за клучните поглавја од преговорите за членство во ЕУ.

„Нема да шпекулирам и не мислам дека тоа ќе биде корисно во дадената ситуација. Она што комесарот ќе го направи, е да истакне на итноста од изнаоѓање на решение за надминување на актуелната криза и во овој контекст треба да се види на неговата посета“ посочи Косанчичќ

Скрининг процесот е споредување на македонското со европското законодавство. Тој се активира откако Европскиот совет ќе даде дозвола за отворање на официјалните преговори за членство. Поради блокадата на Грција, Еврокомисијата веќе 6 години се обидува да го надмине овој период, во кој постојано дава препораки за отпочнување на преговори со Македонија, но тие така и не започнале. Атина пак го блокира процесот поради спорот со Македонија за името.

Слично

Поврзани вести