Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХАН ПРЕДУПРЕДУВА: Следниот голем бран ќе дојде од Либан

ХАН ПРЕДУПРЕДУВА: Следниот голем бран ќе дојде од Либан

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан оцени денеска дека наредниот бран на бегалци би можел да дојде од Либан, „слабата земја во која состојбата е драмaтична“, пренесува германски „Велт“.

„Ме загрижува развојот на настаните во Либан. Состојбата во еден дел е драматична. Од таа земја би можел да тргне следниот бран бегалци“, рекол Хан и додал дека во Либан веќе се наоѓаат 1,2 милиони сириски мигранти.

Хан оцени дека Либан е најчуствителната земја во регионот, инсистирајќи на политичката нестабилност во таа земја, висока стапка на невработеност и лоша економија.

Како би го спречила бегалскиот бран, Европската унија одлучила во среда финансиски да им помогне на Либан, Јордан и Турција, кои во регионот примиле најголем број бегалци од Сирија и Ирак.

 
Слично

Поврзани вести