Хан повторно во Македонија, да провери дали има напредок!
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ќе ја посети Македонија на 18 септември, за да провери како се исполнува политичкиот договор од 2 јуни меѓу четирите главни партии.
Портпаролката на Еврокомисијата Маја Коцинчиќ изјавила, дека комесарот планира да даде старт на претпристапниот дијалог на високо ниво, како што е договорено од Записникот од Пржино на 15 јули.
Ако сепак до 15 септември не биде назначен специјален обвинител како што е предвидено во договорот од 2 јуни, тогаш Јоханес Хан нема да даде почеток на претпристапниот дијалог, а ќе одржи само средби со претставници на власта, опозицијата и граѓанскиот сектор, појасниле од Еврокомисијата. Назначувањето на таков обвинител е барање на опозицијата.
Смислата на посетата на Хан ќе се промени, ако до 15 септември партиите не го наведат името на специјалниот обвинител, појаснуваат уште од Еврокомисијата.
