Хан: Поента на договорот од Пржино се фер избори
Поента на договорот од Пржино се фер избори, а ДИК треба да го подготви избирачкиот список, изјави вчера еврокомесарот Јоханес Хан.
Тој при посетата на Драч, Албанија, се осврна и на состојбата во Македонија и ставовите ги пренесе на министерот за надворешни, Никола Попоски.
„Не се сомневам дека треба да има избори. Сега можам само да ги повикам релевантните власти и особено ДИК да сторат се за да го подготват избирачкиот список. Немам индиции дека тоа не е можно. Би требало да има доволно време да се стори се што е неопходно. Крајна поента на договорот од Пржино се изборите, а основно што се бара е тие да бидат фер и меѓународно признати“ - рече Хан. Тој ги повика политичките партии да учествуваат на изборите и да победи оној со најдобри аргументи.
