Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хан: Партиите да излезат со нов датум за избори!

Хан: Партиите да излезат со нов датум за избори!

Од канцеларијата на еврокомесарот Хан бараат партиите да договорат нов датум за избори потврдиле за Алсат-М од канцеларијата на комесарот.

Оттаму за гореспомнатиот медиум изјавиле: „Бидејќи не сите политички лидери претходно потврдија датум за одржување на изборите, комесарот даде јасно до знаење дека сега е веќе нивна одговорност да постигнат согласност и да излезат со нов датум за изборите. Комесарот Хан побара од сите лидери да го потврдат нивниот ангажман и да продолжат со исполнување на спроведувањето на политичкиот договор од јуни/јули, како и приоритетните реформи. Политичките лидери го потврдија тоа. Ова го сочинува и најважното прашање за комесарот: Постигнување напредок за суштината и содржината на договорот”.

Понатаму, во одговорот стои:

„Ние и нашите меѓународни партнери ќе поддржиме секаков напор во рамките на подготовките на фер избори, на иста линија со демократските стандарди. Комесарот направи обид за да постигне повеќе извори (финансиски и персонални) за Државната изборна комисија и исто така, за да им обезбеди на сите кандидати да ги претстават своите политички програми пред граѓаните, преку важни медиуми. Во таа насока се одбележани неколку настани, но поподробно Комисијата ќе соопшти во понеделник на пладне”.

Слично

Поврзани вести