Хан:Одлуката на Иванов повторно ќе овозможи спроведување на правдата
Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, вечерва ја поздрави одлуката на претседателот, Ѓорге Иванов за повлекување на сите помилувања.
“Оваа одлука повторно ќе овозможи спроведување на правдата и специјалниот обвинител да продолжи со својата значајна работа. Конкретно, мора да бидат преземени брзи и кредибилни чекори во поглед на итните реформски приоритети, за да се врати земјата назад на патот на владеењето на правото и евро-атлантската интеграција”- оценува Хан.
Тој смета дека лидерите на земјата лани изгубиле премногу време и затоа сега најважно е сите да се посветат на имплементација на договорот од Пржино, на инклузивен начин.
Одлуката на Иванов на Твитер, ја поздрави и британскиот амбасадор, Чарлс Гарет, оценувајќи дека таа го намалува предизвикот за нееднаквост пред законот.
