Хан: Од Косово не се бега поради виза туку поради беда
Европскиот комесар за добрососедска политика и преговори Јоханес Хан ги отфрли денешните тврдења на приштинските политички лидери дека бранот на илегални емигранти од Косово е поради визниот режим.
„Општо земено јас не го делам истото мислење дека луѓето бегаат од Косово поради визите“, изјавил денеска Хан на конференцијата во Брисел посветена на неговата посета во Скопје, Приштина и Киев ниатата недела.
Хан изјавил дека за бранот на илегално иселување на косовските албаници во западноевропските земји не е тешката економска ситуацијаи недостаток на перспектива.
Косовскиот премиер Иса Мустафа и неговиот заменик Хашим Тачи претходно изјави дека причина за масовна миграција на граѓаните на Косово е само поради тоа што не можат да патуваат во Шенген зоната без визи, па затоа е полесно и поевтино преку Србија нелегално да ја преминат во Унгарија.
„Задоволен сум со мерките кои косовската влада ги превзема и мислам дека истите ќе дадат добри резултати“ изјавил Хан.
Говорејќи за посетата на Скопје, Хан изјави дека актуелната политичка криза во Македонија треба да се реши преку парламентот и институциите на системот, како и судските институции кои работат со владата и дека опозицијата се подготвува за државен удар треба да работи непристрасно и транспарентно.
