ХАН: ОБСЕ/ОДИХР и ДИК ќе кажат дали има услови за избори на 24 април!
За датумот на одржување на предвремените избори, еврокомесарот за проширување Хан засега е без одговор.
Тој вели дека се зависи од оценката на меѓународните институции и на Државната изборна комисија, колку ќе има услови за одржување на избори тие ќе донесат одлука.
Во изјава за МИА Јоханес Хан не открива кога и дали воопшто ќе дојде во посета на земјава како што се шпекулираше и беше најавено.
Можно е сепак Хан целата работа да ја остави на амбасадорите Аиво Орав и Џес Бејли и тие да соопштат дали се исполнети условите за одржување на фер и демократски избори.
Во дел од медиумите се појавија и шпекулации дека е можно лидерите на партиите потписнички на договорот од Пржино да бидат повикани на разговори во Брисел со цел Хан да не влезе во нов вртлог на политички преговори. Оваа можност не ја исклучува ниту дописникот на МИА од Брисел.
