Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хан: Не е запрен процесот на ширење на унијата

Хан:  Не е запрен процесот на ширење на унијата

Според еврокомесарот, Јоханес Хан излегувањето на една земја од членството во ЕУ, не значи дека е запрен процесот на ширење на унијата, туку дека постојат многу причини тој да продолжи, пренесе агенцијата „Танјуг“.

Отворајќи го бизнис форумот во рамки на Самитот за Западен Балкан во Париз, Хан нагласи дека и натаму постои европска перспектива за земјите од Западен Балкан, и покрај фактот што ЕУ влезе во тешка фаза. Во пристапниот процес многу се важни владеењето на правото и економскиот развој, забележува тој.

„Тоа што сме соочени со излез на една земја не значи дека е крај со процесот на ширење, туку напротив. Има многу причини за ширење на ЕУ, а Европската Комисија е определена да го продолжи овој процес“- вели Хан.

Вели дека пристапниот процес не е само усогласување на законодавствата, туку е фокусиран и на економијата и поттикнување на конкурентноста.

Додава дека засилувањето на агендата за инфраструктурно поврзување на земјите од регионот претставува значајна можност за натамошно поттикнување на соработката, како и за подобрување на околностите за инвеститорите.

Хан укажа дека земјите од Западен Балкан и натаму се соочени со одредени проблеми на товар на минатото, но дека повеќето земји прикажаа јасна приврзаност кон реформи.

Сите влади треба и во следниот период да преземат конкретни чекори во овој правец, смета Хан.

Слично

Поврзани вести