ХАН НА ТВИТЕР: Без разлика на одлуката на партиите, ќе обезбедиме фер избори!
Пред половина час на својот твитер профил еврокомесарот напиша дека и покрај финалната одлука на политичките партии тие ќе обезбедат поддршка за фер избори.
„Ги уверувам граѓаните, без разлика на конечната одлука донесена од страна на политичките партии, ние ќе обезбедиме целосна поддршка за да се гарантираат демократски и фер избори“, напиша Хан.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/JHahnEU/status/688276097830490112[/embed]Како што веќе објавивме преговорите доживеаја уште едно фијаско.
Четирите најголеми партии не успеаја да постигнат консензус околу одржувањето на изборите на 24 април, во текот на состанокот со европскиот комесар Јоханес Хан.
Договорот од Пржино не е мртов и доколку сите партии останат посветени, можно е да се одржат фер и демократски избори во согласност со европските стандарди, оцени синоќа по завршувањето на заедничкиот состанок.
