Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хан на средби со албанскиот државен врв во Тирана

Хан на средби со албанскиот државен врв во Тирана

Во рамки на петата рунда на дијалог на високо ниво меѓу ЕУ и Албанија, еврокомесарот Јоханес Хан во дводневна официјална посета на Тирана ќе има средби со албанскиот државен врв.

Очекувањата според албанските медиуми е продлабочување на работата околу клучните реформи кои и се потребни на Албанија за следната фаза од процесот на оваа земја во Европската Унија.

Хан во Тирана би требало да се сретне и со  претседателот Бујар Нишани, претседателот на парламентот Илир Мета, премиерот Рама, лидерот на најголемата опизицска политичка сила, Демократската и актуелен градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша, како и со претставници од бизнис и граѓанскиот сектор а за време на престојот тој ќе посети неколку културни центри во албанската метропола .

Средбата ќе ја заврши со прес конференција заедно со премиерот на Албанија Еди Рама.

Слично

Поврзани вести