Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хан: Локалните лидери на земјите од Западен Балкан треба да направат поголеми напори

Хан: Локалните лидери на земјите од Западен Балкан треба да направат поголеми напори

Локалните лидери на земјите од Западен Балкан треба да направат поголеми напори за да продолжат со напредокот кон ЕУ, изјавил еврокомесарот Јоханес Хан на предавање на Универзитетот Принстон во САД.

Вели дека наместо политички игри, треба да покажат политичка волја и вистински реформи, бидејќи проширувањето на Европската унија, со сите услови и критериуми, е најдобрата безбедносна политика што ЕУ ја имала досега. 

Хан  оценил дека реформите наместо на хартија, мора да се завршат на терен, особено во областа на владеењето на правото, на конкурентноста и на конективноста.

Потсетувајќи дека мнозинството Срби веруваат дека Русија е најголем инвеститор во нивната земја, иако Австрија инвестира четири пати повеќе, тој заклучил дека оваа заблуда го покажува најдобро проблемoт на Унијата.

„Проблемот не е Русија туку како ние да ја раскажеме нашата приказна со доволно одлучност“- вели Хан.

Тој вели дека Европа треба да понесе повеќе од товарот место да чека на Вашингтон да ја заврши работата, затоа што миграциската криза покажала дека Западниот Балкан веќе е „енклава“ внатре во ЕУ. Според негова оценка, одлуката на ЕУ лидерите да потврдат неодамна дека за регионот е отворено членството, сепак не е мал чекор во време на ваков замор од проширувањето. 

Слично

Поврзани вести