Хан ќе ги спасува преговорите во Македонија
Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан итно за почетокот на следната недела ја најави својата посета во Скопје како би го спасил договорот од 2 јуни годинава, кој го постигнаа самите лидери на четирите клучни политички партии.
До посетата на Хан доаѓа бидејќи лидерот на опозициската СДСМ ЗоранЗаев објави дека преговорите на лидерите на четирите партии за имплементација на она што од 2 јуни е договорено а на 19 јуни потврдено пропаднаа бидејќи лидерот на владеачката ВМОР-ДПМНЕ Никола Груевски одбива да закаже нивна следна средба објаснувајќи дека за тоа „не се создадени услови“:
Притисокот на опозиционио лидер Зоран Заев во меѓувреме порасна. Против него се почнати две судски процедури – една го терети за учество во шпиунажа за потреби на служба на неизменувана странска држава и обид на користење на материјал настанат при таа шпиунажа во цел притисок на лдегално избрани државни органи, а другата е за корупција. Заев и во едниот и во другиот случај објави дека институциите на правосудството, кое тврди дека е под контрола на Груевски, не ги признава и дека пред суд нема да се појави. И не се појави.
Со често предизвикување на јавноста од ветувања за објавување на непозната истина за многу деликатниот случај „Монструм“ , Заев засега постигна спротивен ефект од оној со кој се закануваше, па од него достапност до тие материјали односно нивно објавување сега бараат и адвокатите на осудените за убиството кај Смилковско во 2012.
Неконструктивноста на Никола Груевски наспротив непопустливоста на Зоран Заев ја води земјата кон политички амбис кој претпоставувам дека никој не го посакува . Токму затоа, Брисел не смее да биде само набљудувач туку неопходно е по директно да се вклучи во политичкиот дијалогот меѓу власта и опозицијата, посочуваат за Фактор дипломатски извори .
Од Брисел за Фактор оценуваат дека Македонија се наоѓа во критична ситауција. Токму затоа ЕУ очекува лидерите на партиите да демонстрираат одговорност и конструктивност. Потребно е да покажат добра волја за решавање на едно отворено прашање. Земјата се се соочува со поголеми предизвици и нема време за губење.
Портпаролката на ЕУ Маја Коцијанчич за Фактор вели:
Не смееете да дозволите да бидат загрозени суштинските елементи на една демократија. Политичка енергија треба да се фокусира на реализација на реформите како што е наведено во препораките на Комисијата, а не на партиските интереси. Да потсетам дека четворицата лидери потпишаа договор на 2 јуни и го потврди ова, на 19 јуни. Овој договор е основа за конечниот компромис. Тие мора да ги спроведе обврските кои тие ги направиле. Интересот на земјата мора да бидат во прв план “ вели за Фактор Коцијанчич.
Посетата на Хан на Скопје најверојано ќе коинцидира и со доаѓањето на помошникот државен секретар на САД Викторија Нуланд која исто така се очекува да допатува во земјава во првата половина на следната недела. Од амбасадата на САД во Скопје велат дека се у уште немаат добиено потврда дали високиот преставник на Стејт Департментот ќе дојде во Скопје.
Инаку како што објави Фактор на средината на минатиот месец повикувајќи се на доброупатени извори рокот за премостување на политичката криза е крајот на август. Првиот рок за надминување на политичкиот јаз беше крајот на јуни .
