- Целосно прочистен избирачки список и зајакната државна изборна комисија
- Непречен пристап на опозициските партии до сите медиуми и набљудувачи на СДСМ во Агенцијата за аудио-визуелни медиуми
- Проверка на подготовките на изборите од ЕУ, ОДИХР и НВО
Ова се трите точки од планот според кој еврокомесарот Хан ќе дојде во февруари во Скопје, со цел да ја притиска и убеди опозицијата да земе учество на изборите во април. До овие информации дојде НОВА ТВ, која пишува дека Хан бил сериозно загрижен за распишувањето на избори без согласност на опозициската партија.
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ќе се обиде да ја убеди опозициската СДСМ да учествува на изборите. Затоа во февруари повторно ќе дојде во Скопје со план од три точки, најавуваат од неговиот кабинет во Брисел за
Нова тв.
Бројни критики беа упатени кон еврокомесарот од германски аналитичар кој во неговата анализа за состојбата во Македонија пишува во германски „Франкфуртер Рундшау“.
Тој пишува дека најголемиот дел за катастрофата во Македонија се должи на погрешната проценка на ситуацијата од страна на одговорниот комесар на ЕУ, Јоханес Хан, а подолу во текстот се опишува и ситуацијата во Македонија.
Целата анализа прочитајте ја
тука.