Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хан ја одложи посетата на Босна, вечерва мора да падне договор за Македонија!

Хан ја одложи посетата на Босна, вечерва мора да падне договор за Македонија!
Портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич, потврди дека преговорите траат и оти комесарот Хан останува со македонските политички лидери до крајот на вечерта, бидејќи предвиденото патување за Босна и Херцеговина, планирано за 18 часот е одложено поради наводно неисполнети обврски на босанските власти. Инаку македонските медиуми, од неофицијални информации известуваат за сериозен исчекор во преговорите кон создавање техничка Влада, а во моментов е нејасно колку време би бил мандатот на таа Влада. Заев пред разговорите исклучи можност за Влада која ќе ја предводи Груевски. На разговорите од доцна попладнето се приклучи и американскиот амбасадор Џес Бејли!
Слично

Поврзани вести