Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хан: Да се надминат регионалните прашања за пристап до ЕУ

Хан: Да се надминат регионалните прашања за пристап до ЕУ
Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан, на денешната средба во Косово со премиерот Иса Мустафа, изјави дека за Косово да добие пристап до Европската Унија, прво ќе треба да ги надмине регионалните прашања. Тој пренесе и дека ЕУ не дава ограничувања кога станува збор за брзината со која една држава ќе ги реши регионалните и граничните прашања, но дека сепак тоа е нешто на кое ќе се внимава откако државата ќе стане членка на Унијата. Премиерот Мустафа пак изјави дека Косово ќе се потруди да ги исполни критериумите со кои ќе постигне укинување на Шенген визите. „Едно од нашите барања и една од нашите големи преокупации е прашањето на визна либерализација, исполнувањето на нашите обврски во врска со тоа, но исто така и добрата волја на земјите од ЕУ за што побрзо да дојде до визна либерализација и да им овозможат на нашите граѓани слободно да се движат, исто како што можат и другите граѓани“, изјави премиерот Мустафа. На средбата, еврокомесарот Хан разговараше и со Претседателката Атифете Јахјага и со Претседателот на парламентот Кадри Весели, за прашањето околу преговорите со Белград и за проблемите со миграцијата коишто се актуелни изминатиов период
Слично

Поврзани вести