Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хан бара поголема медиумска слобода на Балканот

Хан бара поголема медиумска слобода на Балканот

Слободата на медиумите на Балканот стана прашање кое предизвикува голема загриженост и со кое е итно да се позанимаваме, изјавил дека европскиот комесар за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан.

Обраќајки се по пат, на видео линк, до учесниците на регионалната медиумска конференцијам која се организира во рамки на БИРН, и се одржува во Сараево, Хан изјавил дека слободата на медиумите на Балканот „Останува прашање кое предизвикува посебна загриженост“ на Европската комисија, а посебно вплеткувањето и заканите на властит насочени кон независноста на јавните емитувачи.

„Соочени сме со важен прдизвик со кој треба веднаш да се позанимаваме“, рекол Хан.

Според неговите зборови, „потребни се, во врска со мешањето на власта, силни напори да се обезбеди политичка и финансиска независност на јавните емитували, да се зајакне независноста на регулаторините агенции, и да се поттикнува саморегулирањето“.

„Исто така постое потреба за фаќање во тесно со неформалните екониски притисоци на медиумите, а тоа вклучува транспарентност на сопстевништвото над медиумите и спречување на претераната концентрација на тоа сопствеништво“, рекол Хан.

Тој додал, дека се потребни, „транспарентни правила во врска со јавните набавки на огласниот простор во медиумите за потребите на владата“.

Хан изрази поддршка на професионалното новинарство на Западен Балкан и додаде дека тука е обуката на новинари од клучно значење.

Слично

Поврзани вести