Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хан бара да се одреди датумот за избори

Хан бара да се одреди датумот за избори

За да се врати довербата во земјата и за да може да се мине на следниот чекор неопходно е да се почитува договорот од Пржино и да се одреди датум за избори.

Ова го порача денеска еврокомесарот Јоханес Хан кој ги повика четирите политички партии што побрзо да најдат компромис.

„Тоа беше дел од преговори, тоа беше датумот и се дискутираше дали треба да се одложат изборите или не. Јас кажав дека треба избори кои можат да имаат висок степен на добра подготвеност и да бидат фер, транспарентни и според меѓунаронародните стандарди. Сторив се за да обезбеди неопходното набљудување како на пример ОДИХР кој ќе испрати 24 набљудувачи кои ќе останат подолго време.” – рече еврокомесарот за проширување.

Тој додаде дека на средбата во Скопје се разговарало и за месец јуни како можен датум за одржување на изборите.

Во однос на препораките од извештајот на Рајнхард Прибе, Хан вели дека Eвропската унија е загрижена бидејќи има значително помалку проглес од очекуваниот.

„ Има многу точки во извештајот на Прибе за кои очекувавме дека ќе бидат применети до изборите. Но се соочуваме со доцнења и бараме од партиите да ги применат бидејќи тоа е дел од реформите. Колку што побрзо ќе биде тоа применето толку побрзо земјата ќе биде подготвена за европскиот пат. Така што сето тоа е во рацете на одговорните политичари кои треба да ја подготват земјата”-  посочи еврокомесарот.

Посетата на Хан во Македонија заврши без конкретен датум за избори. Тој предупреди дека мора да се напушти црно белиот пристап во демократијата и дека се неопходни компромиси, во спротивно тешко е дека ќе се излезе од кризата.

Слично

Поврзани вести