Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хан: Аболицијата за нас е неприфатлива, преговорите се во „воздух“!

Хан: Аболицијата за нас е неприфатлива, преговорите се во „воздух“!

Аболицијата е неприфатлива и жалиме што кога Уставниот суд донесе одлука со која ја овозможи оваа мерка нас ни беше речено од страна на претседателот  дека таа нема да се примени. Само две или три недели подоцна претседателот ја донесе таа одлука. Тоа не е добра контрибуција за неговиот кредибилитет, изјавил денска во Брисел Комесарот за проширување Јоханес Хан, пренесе Нова Тв.

Еврокомесарот во однос на прашањето за поништување на одлуката за помилување, рекол дека не знае дали ќе се поништи аболицијата, но доколку таа остане во сила земјава ќе сноси последици кои ќе се одразат на  нејзината европска перспектива.

Околу можните последици кои ги спомена Хан, висок претставик на кабинетот на Комесарот за НОВА нагласил дека препораката за почеток на преговори е веќе во “воздух” и дека ако аболицијата остане повеќе од извесно е дека препораката ќе си замине и тоа ќе биде преседан во историјата на процесот на проширувањето.

Истиот извор потенцира дека оваа одлука за аболицијата веќе има свои ефекти врз кредибилитетот на претседателот кој нема да биде поканет ниту на самитот на ЕУ со Западиот Балкан во јули во Париз, ниту пак на самитот на НАТО во Варшава.

 
Слично

Поврзани вести