Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Халк банка“ АД Скопје доби дозвола да издаде 73.949 обични акции

„Халк банка“ АД Скопје доби дозвола да издаде 73.949 обични акции

„Халк банка“ АД Скопје  ќе издаде 73.949 обични акции со номинална и продажна вредност од 10.000 денари по акција или со вкупен износ на емисијата од 739.490.000 денари откако Комисијата за хартии од вредност на РМ и ја одобри дванаесетта емисија на акции по пат на приватна понуда.

Зголемувањето на основната главнина со нови парични влогови се врши за познат купувач –институционалниот инвеститор"Turkiye Halk Bankasi AnonimSirketi"од Република Турција.

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на седницата што се одржа денеска даде согласност Сашо Дракуловски и во наредните четири години да биде именуван за директор на брокерската куќа "Еурохаус" АД Скопје. Сашо Дракуловски и досега беше на оваа позиција.

Исто така , КХВ издаде една, аобнови две лиценциза инвестициски советници.

Слично

Поврзани вести