Халими во Требош: Албанците да ја казнат погрешната политика на ДУИ
Албанците ќе ја казнат лошата политика на Демократската унија за интеграција, бидејќи сé што ветија, а не исполнија изминативе неколку години колку што се на власт, порача кандидатот на ДПА за претседател Илијаз Халими на денешниот централен митинг во тетовски Требош.
„Време е да се стави крај на оваа лоша политика“, нагласи Халими, според кого бојкотот на претседателските избори што го заговара партијата на Ахмети не е решение.
„Затоа ве повикувам сите да излезете на 13 април и да гласате, а јас ви ветувам дека како претседател на државата ќе се ангажирам за унапредување на позицијата на Албанците во Македонија“, рече Халими.
Слично
