Економија, финансии, бизнис

Контакт

Халими: Имам шанси за влез во вториот круг

Халими: Имам шанси за влез во вториот круг
„Гледам дека атмосферата е мирна, гласачите излегуваат и гласаат слободно на демократски начин. Верувам дека нема да има инциденти до крајот на изборниот процес и оти тој ќе заврши со добар резултат“, изјави кандидатот од ДПА за претседател на Република Македонија Илјаз Халими, по гласањето на избирачко место  во ОУ „Кирил и Методиј“ во Тетово. Халими посочи дека, како што рекол и во текот на изборната кампања, има шанси за пласман во вториот круг, дека гласачите се тука и треба да излезат и да гласаат, а дали некој ќе излезе или не, зависи од самиот гласач.
Слично

Поврзани вести