Халили утре прогласува „Република Илирида“?
Новата држава Република Илирида свечено ќе биде прогласена утре од 12 до 14 часот, јави порталот на албански јазик Алмакос. Според соопштението, „чинот на прогласување ќе го сторат претседателот на Илирида, Невзат Халили, премиерот Баки Сулемани и претседателот на националниот фронт за човекови права и слободи, Идриз Синани-Куманова“.
„Република Илирида ќе биде фактор на стабилност во Балканот и во ЕУ, бидејќи ни најмалку не ги загрозува административните граници туку ќе спроведе конфедерална реорганизација меѓу двете републики Илирида-ПЈРМ. Република Илирида ќе биде демократска република и ќе ги гарантира сите права на малцинствата кои сакаат да живеат во неа“, се наведува во соопштението.
Прогласувањето на Илирида претходно беше најавео за 15 септември, но дел од албанските медиуми пренесоа изјава од Халили, кој вели дека меѓународниот фактор од него побарал да го одложи прогласувањето.
Слично
