Економија, финансии, бизнис

Контакт

Халили ја прогласи Илирида, бара референдум

Халили ја прогласи Илирида, бара референдум
На плоштадот „Скендербег“ во Скопје, Невзат Халили, поранешниот претседател на ПДП, ја прогласи таканаречената „Република Илирида“ пред педесетина делегати, поддржувачи и случајни минувачи. Тој ја прочита Декларацијата за формирање на Илирида, чиј главен град ќе биде Скопје. Побара да се одржи референдум за унија Илирида - Македонија. „Станува збор за реафирмација на иницијативата за Илирида и почнување на реализацијата на актите на Илирида. Ние поднесовме барање за средба со премиерот Никола Груевски, доколку за него ова наше барање не е прифатливо, ќе донесеме уште едно барање за територијална поделба, внатрешна, не надворешна. Ќе бараме парламентот ургентно да распише референдум, за унија Илирида – Македонија, односно Македонија – Илирида, рокот, дополнително ќе го соопштиме“, нагласи Халили. Халили рече дека надворешните граници ќе останат истите, а внатрешната дека ќе се обележи со меѓународен договор. Македонците што ќе бидат западно од внатрешната граница ќе живеат мирно и безбедно, ветува тој. Самопрогласениот „претседател" на самопрогласената „држава“ рече дека одлуката да се прогласи т.н. Илирида е донесена врз основа на Уставот на САД во кој пишувало дека секој човек имал право на самоопределување. „Војната од 2001 година и рамковниот договор ништо добро не им донесоа на Албанците. Таа војна не беше на Албанците, не беше народна војна, тоа не беше по барање на Албанците или Македонците, таа беше организирана од туѓи сили“, рече Халили. ФОТО: Алмакос
Слично

Поврзани вести