Хакиран сајтот на општина Прешево, поставен ликот на Вучиќ
Сајтот на општина Прешево кадешто денеска престојува албанскиот премиер Еди Рама од попладнево е хакиран од група потпишана како „Српски хакери“, а на него е поставена фотографија од билборд со српскиот премиер Александар Вучиќ.
Ова е последниот од серијата инциденти поврзани со посетата на Рама во Србија. Утрово албанскиот премиер во Прешево го пречекаа билборди со негов лик и натпис „Добредојде, премиеру!“, црвен ќилим и албански знамиња. Нешто подоцна еден млад човек ги испрска билбордите со црна боја.
Посетата на Рама во Прешево се одвива под засилено обезбедување и се смета за тензична, особено по последната пресконференција на албанскиот и српскиот премиер во Белград, на која гостинот недипломатски го спомена и прашањето за Косово.
Заради пристигнувањето на Рама и неговата делегација во јужна Србија, привремено утрово беше затворен и автопатот од Ниш кон македонската граница.
Слично
