Хакиран сајтот на Министерството за транспорт и врски, „Анонимуси“ против цензурата
Веб-страницата на Министерството за транспорт и врски е хакирана од „Анонимуси“, пишува Мета.
Тие на англиски јазик пишуваат дека се борат против цензурата, за слободата на медиумите и на народот, а не дејствуваат за лични и за политички цели туку во интерес на народот.
„Ние сме Анонплус – Анонимуси и ова е нашиот манифест. Секое лице што сака да ја одбрани својата слобода на информирање, слободата на народот и ослободување од ропството на медиумите и на оние кои нè владеат и од оние кои се користат како алатка за спроведување на нејзините валкани цели, веќе се дел од Анонимуси. Секое лице кое има волја да дејствува е добредојдено. Ние сме во војна. Анонплус става веб-страници надвор од функција кои активно придонесуваат за контрола на масите од корумпирани медиуми, преку манипулирање со информации и со мислења за да се создаде лажна реалност; Анонплус не дејствува за лични или политички цели, нема лидери, работи во интерес на народот и за да го врати суверенитетот на луѓето; Денот кога овие цели ќе се постигнат Анонплус ќе престане да постои“ - пишува на веб страната.
Без војна, без религии, без политика, без финансиска моќ, за подобар свет. Ние сме легија. Ние не забораваме. Не простуваме. Очекувајте нè“, пишува на веб-страницата на Министерството за транспорт и врски.
