ХАКАТОН IV: Голем успех на тимот од Македонија
Гејмерските ентузијасти од Романија, Буарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Србија се натпреваруваа за да создадат „Stealth game“ за само 24 часа.
„Нордеус“, компанијата која стои зад играта „Top eleven - Be a football manager“, најпопуларната спортска онлајн-игра на светот, овој викенд го организираше 4-от по ред „Нордеус хакатон“. Гејмерските ентузијасти имаа можност да создадат видео игра во канцеларијата на Nordeus во Белград за само 24 часа.
11 тимови од Романија, Хрватска, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија учествуваа на натпреварот за најдобра игра базирана на темата „Stealth - a game about hiding and deception“ (која беше откриена на денот на натпреварот) за само еден ден.
Секој тим беше опремен со стандардни индустриски алатки и услови, како и неограничени храна и пијалок.
Атмосферата беше навистина одлична, а вработените на Nordeus им се придружија на тимовите, обезбедувајќи тие да имаат се` што им е потребно за целосно да се фокусираат на играта и на одлуките во врска со играта.
Откако тимовите ги завршија нивните проекти, тие им ги презентираа на публиката.
Потоа, официјалните судии на настанот ги утврдија победниците, додека фановите можеа да гласаат на Фејсбук за нивната омилена игра.
„The people's choice award“ отиде во рацете на тимот Edge од Македонија за нивната игра „Hot Escape“ со навистина оригинална идеја. Тимот исто така ја зеде „Gameplay“ наградата, а освои и „Razor“ слушалки покрај „Sony PS Vita“.
Слично
