Хајредини: Како да нема криза со струја, кога блиски на Бучко, Џафери, Грчев, Бејта и Бектеши се вработени во МЕПСО
Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, го искритикува непотизмот на владеачката номенклатура со вработувањата на свои блиски во изминатиот период во МЕПСО, операторот за пренос на струја.
- „Дел од „експертите“ во МЕПСО!!! Синот на Бучко! Ќерката на Талат Џафери! Синот на Грчев! Ќерката на Невзат Бејта! Сестрата на Бектши! И сакате да нема криза за струја?, напиша аналитичарот на Фејсбук.
Тој вчера најави дека енергетската криза што ќе се пресели од Европа во Македонија ќе се плати со дополнителни оданочувања. „Ќе влечеме струја и натаму, се релативизираат работите во некои медиуми и се правилажен оптимизам кај читателите. Видовте дека имаше тепање за мала компанија, па замислете како може да ескалира ситуацијата по изборите.. рече Хајредини во „Студио 10“ на ТВ24.
