Хајредини:Буџетот е во колапс, се задолжуваме за редовни буџетски расходи
Владата се задолжува зашто не може да ги подмири редовните буџетски расходи, категоричен е поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
За фактот дека Владата пред некој ден се задолжи кај домашните кредитори за околу 25 милиони евра и на прашањето, што доколку Владата продолжи и понатаму со ова темпо на задолжување, тој вели дека ние немаме ни приближно претстава за состојбата на јавните финансии во Македонија.
„Сакам да потенцирам и дека една од забелешките во извештаите на ЕК, која постојано се повторува во последните години е отсуството на каква било финансиска транспарентност. Во извештаите се спомнува и лошото менаџирање со јавните финансии. Значи, тоа не е само мислење на експерти и граѓани на Македонија, кои сме сведоци и постојано го повторуваме, туку се повторува и оценката дека управувањето со јавните финансии постојано се влошува за да дојдеме до крајот во ситуација таквите констатации да се повторат од самиот министер за финансии што го слушавме дека само лудаци го прават она што го правиме ние. Ова е фактичка состојба која сега кулминира. Во отсуство на странски извори, бидејќи не може и натаму Светска банка со интервенции со кои се фали министерот за финансии дека благодарение на неговите врски таму успевал да влијае и Светската банка да дава гаранции. Нема каде. Ни следува период кога ќе избијат барањата на буџетските корисници и на компаниите, особено градежните преку кои се испрани големи суми на пари преку Скопје 2014“ - изјави Хајредини.
Според него, министерот за финансии Зоран Ставрески најдобро знае дека буџетот е во колапс.
Слично
