Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хајредини: Бидејќи Бектеши нашол решение за струјата во Арачиново, тогаш не мора да плаќаат и другите

Хајредини: Бидејќи Бектеши нашол решение за струјата во Арачиново, тогаш не мора да плаќаат и другите

Eкс министерот Џевдет Хајредини ја искоментира прес - конференцијата која вчера ја одржа министерот за економија, Крешник Бектеши за снабдувањето со електрична енергија во Арачиново. 

„Бидејќи Бектеши нашол решение за струјата во Арачиново, тогаш не мора да плаќаат и другите. Ќе најде тој решение и за сите други“, пишува Хајредини на социјалните мрежи. 


Бектеши најави дека од понеделник ЕВН ќе работи на терен во Арачиново. Од ЕВН се пожалија дека нивни екипи се мета на напади, и бараат жителите на Арачиново да не манипулираат и да не оштетуваат броила. Три дена Арачиново беше без струја, затоа што имаше дефект поради диви приклучоци. 

Бектеши најави дека полицијата ќе постапува по однос на кражбите на струја. 

Слично

Поврзани вести