Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хајндл в среда повторно доаѓа во Скопје

Хајндл в среда повторно доаѓа во Скопје
Јоханес Хандл,  германскиот пратеник за кризата во земјава доаѓа в среда, а по него се очекува  да пристигне  и заменикот државен секретар на САД, Викторија Нуланд со цел што побргу лидерската четворка да најде излез од политичката криза, јавува 24Вести.
На вчерашата средба во Брисел со еврокомесарот Јоханес Хан и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, според портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчиќ се разговарало за враќање на земјава на евроатлансткиот пат.

Груевски изјави дека со Хан и другите европски лидери разговарал  дека Македонија треба да ги елиминира надворешните и внатрешните ризици.

Преговорите со амбасадорите во Македонија се во прекин поради отсуството на преговарачот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров од земјава.

Хајндл и претходно при посетите во Македонија се сретна со лидерите на четирите најголеми политички партии, но и со претседателот Ѓорѓе Иванов.

Слично

Поврзани вести