ХАЈНДЛ ТРГНА ВО АКЦИЈА: Прва средба со министерот Попоски-кој е следен?
Германскиот специјален претставник Јоханес Хајндл пристигна во дводневна мисија во Скопје и во моментов е на срдба со министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Со оваа средба која е прва, почнуваат разговорите на германската булдожер дипломатија а според информациите, денеска попладне е предвидена средба и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и со амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли.
„Дојдов за да се запознаам со ситуацијата и првeнствено да ислушам. Станува збор за тоа, процесот кој е инициран од ЕУ и од САД да вроди со успех. Мојата задача ја гледам во активната поддршка на овие напори. Развојот во последните денови одново јасно покажува дека времето е кратко и сега е потребен заеднички напор од сите политички партии за да се спроведат потребните реформи и решително да се продолжи по патот“, стои во писмената изјава на германскиот пратеник објавена на германската амбасада.
Најверојатно утре Хајндл ќе се сретне со останатите политички партии и лидери.
