Хајндл си замина без изјави, се враќа во Скопје идната недела!
Тивко без изјави, како што дојде во земјава така и си замина од тука германскиот специјален посредник Јоханес Хајндл.
Во неизвесност ја остави јавноста и без да каже дали има договор за поместување на датумот на изборите, за повлекувањето на аболицијата и повторно свикување на Собранието.
Во ваква ситуација ќе остане Македонија се до наредната недела кога повторно се очкеува доаѓањето на германскиот пратеник.
Хајндл се сретна со четирите партиски лидери потписници на договорот од Пржино.
Јоханес Хајндл вчера на средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, побарал повлекување на аболицијата од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, реформи во медиумите и прочистување на Избирачкиот список.
Груевски по средбата со Хајндл рече дека се посветени кон изнаоѓање решенија, за излез од политичката криза. Тој посочи дека се потребни волја и посветеност на сите субјекти, како и нивна активна партиципација и искрен пристап.
Зоран Заев по средбата со германскиот специјален пратеник, Јоханес Хајндл изјави дека ништо конкретно не се договориле и дека ова се почетни разговори.
Веднаш по Заев, на средба со Хајндл пристигна претседателот на ДУИ, Али Ахмети во придружба на шефот на кабинетот, Артан Груби и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.
Консултираме домашни и странски експерти во врска со тоа како може да го вратиме Собранието во функција, изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со германскиот специјален пратеник за Македонија.
Ахмети го известил Хајндл дека во моментов нема услови за одржување на изборите на 5 јуни. Со Хајндл разговаравме за политичката криза, како и за скопскиот договор, додава тој.
Тачи пак рече дека Договорот од Пржино е мртов .
По средбата со германскиот пратеник Јоханес Хајнлд, Тачи истакна дека е време за нов договор бидејќи тој од Пржино бил мртов.
Тачи посочил и дека се разговара за нов датум за избори.
„Со Хајндл зборевме за политичката криза, се согласивме дека интеграцијата на Македонија во НАТО и Европската Унија не би требало да има друга алтернатива“ заклучи Тачи.
Единствено, германецот изјави објави преку германската амбасада.
„Дојдов за да се запознаам со ситуацијата и првeнствено да ислушам. Станува збор за тоа, процесот кој е инициран од ЕУ и од САД да вроди со успех. Мојата задача ја гледам во активната поддршка на овие напори. Развојот во последните денови одново јасно покажува дека времето е кратко и сега е потребен заеднички напор од сите политички партии за да се спроведат потребните реформи и решително да се продолжи по патот“, соопштија од матичата амбасада на Хајндл.
