Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хајндл ќе се сретне со првите луѓе на ДУИ и ДПА

Хајндл ќе се сретне со првите луѓе на ДУИ и ДПА

Специјалниот пратеник на Германија за Македонија, Јоханес Хајндл денеска во Тетово ќе се сретне со претседателите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.

Тој вчера се сретна со претседателот на државата, Ѓорге Иванов, со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски и со лидерите на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев.

Со сите нив Хајндл разговарал за актуелната политичка криза и како таа може да се надмине.

Хајндл не даде изјава за медиумите, но во меѓувреме се огласи германското Министерство за надворешни работи кое го поздрави одложувањето на изборите кои беа закажани за 5 јуни.

Слично

Поврзани вести