Хајндл: Договор мора да има што поскоро пред летните одмори
Специјалниот германски пратеник, Јоханес Хајндл за НОВА изјави дека договор мора да биде постигнат пред летните одмори.
„Договор за надминување на полтичката криза мора да има што поскоро, пред почетокот на летните одмори. За Македонија е мошне важно кризата што поскоро да се надмине бидејќи таа криза не е добра за инвеститорите кои и се потребни на македонската економија“ - изјави Хајндл за НОВА.За фактот дека не се сретна со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кажа дека бил информиран дека Груевски е на приватно патување и дека одговорноста за состојбите е на политичките лидери. За ова Хајндл рече дека неговата улога е посредничка. Тој вчера се сретна со лидерот на СДСМ Зоран Заев, со претседателот на ДУИ, Али Ахмети и лидерот на ДПА Мендух Тачи. Во текот на вчерашниот ден тој се сретна со партиски претставници од ВМРО-ДПМНЕ, но не и со Груевски.
Слично
