Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХАЈНДЛ ДОАЃА: Македонија во очекување на германската булдожер диплoматија

ХАЈНДЛ ДОАЃА: Македонија во очекување на германската булдожер диплoматија

Дводневна мисија во Скопје ќе има денеска и утре германскиот специјален претставник Јоханес Хајндл.

Тој доаѓа на помош за спас од кризата во која ЕУ не може да најде точка која ги доближи ставовите на политичките партии и нивните лидери.

Хајндл кој ќе посредува во надминување на длабоката политичка криза  добил  јасни  инструкции  и насоки од  владата во  Берлин како да  дејствува.

Освен со партиите потписнички на договорот од Пржино, германската булдожер дипломатија ќе има средби и со посредниците во преговорите, амбасадорите на ЕУ и САД во земјава.

Зошто Германија го праќа токму Јоханес Хајндл?

Изборот на Јоханес Хајндл за специјален пратеник ни малку не е случаен.  Според  дипломатски извори, станува збор за амбасадор со одлично познавање на состојбите во регинот. За  неговиот ангажман  поддршка дала и шефицата за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини.

Според консултирнаите германскиот дипломат Хајндл нема да биде ниту приближно исто како она на Ален Ле Роа или Франсоа Леотар. Последните беа специјални претставници на Советот на ЕУ именувани преку тогашниот генерален секретар Хавиер Солана, односно од ЕУ, овој пат именувањето е од Сојузна Република Германија како индивидуално посредништво.

ВМРО-ДПМНЕ преговара со странците а ќе оди на избори

Во очекување на доаѓањето на  Хајндл во земјава,  амбасадорите на САД и ЕУ  Џес Бејли и Аиво Орав  се обидуваат преку одвоени средби  со  потписници на договорот од Пржино  да го подготват теренот  за излез од политичкиот ќорсокак.

Како минува времето така станува  јасно дека одржувањето на избори на 5 ти јуни е невозможнo, но и покрај тоа владеачката партија ем преговара со странците ем ќе оди на избори.

Синоќа половина час пред полноќ, како што објавивме партијата на Никола Груевски поднесе кандидатски листи за пратеници до ДИК.

Заедно во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ оди партијата на Стевчо Јакимовски ГРОМ. Овие две партии на мегдан ќе излезат со партијата НДМ на Јанко Бачев и СДП на Бранко Јаневски.

Слично

Поврзани вести