Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хајндл четврти пат во Скопје, ќе помогне ли за решавање на кризата?

Хајндл четврти пат во Скопје, ќе помогне ли за решавање на кризата?

Специјалниот пратеник на Германија за Македонија, Јоханес Хајндл денеска повторно е во Скопје на средби со лидерите потписници на Договорот од Пржино.

Се очекува Хајндл да се сретне со шефот на државата, Ѓорѓе Иванов, со премиерот Емил Димитриев и со специјалната  јавна обвинителка, Катица Јанева.

Како што соопштија од Германската амбасада, за време на дводневниот престој во Скопје тој ќе разговара и со претставници на меѓународната заедница.

Ова е четврта посета на Хајндл на Скопје од почетокот на мај годинава кога беше назначен за специјален пратеник на министерот за надворешни работи на Германија, Франк Валтер Штајнамер за да помогне во надминувањето на политичката криза во земјава.

При неговата последна посета на 8 јуни, Хајндл рече дека има излез од политичката криза во Македонија, а тој е содржан во Договорот од Пржино, поради што е неопходно тој да се реафирмира и ревитализира, без одолговлекување.

Спомна три работи што треба да се спроведат без одлагање. Прво, партиите да постигнат согласност за датумот на изборите и да направат се што е потребно за да се исполнат условите за слободни и фер избори. На специјалниот обвинител да му се овозможи да го исполни својот мандат без какви било опструкции и трето, партиите да се согласат без какво било одложување на итните реформи.

Слично

Поврзани вести