Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хаг: Србија и Хрватска не спровеле геноцид

Хаг: Србија и Хрватска не спровеле геноцид

Меѓународниот суд на правдата одлучи дека Србија и Хрватска не спровеле геноцид една против друга за време на војната територијата на Хрватска во периодот од 1991 до 1995 година. Судот ги отфрли двете тужби зашто државите не успеле да докажат геноцид.

Хрватската влада прва ја обвини Србија за геноцид во Вуковар и на останата територија во 1991 година, а подоцна и Србија поднесе контратужба против Хрватска за прогон на над 200 илјади Срби од Хрватска. Претседателот на судот Петр Томка наведе дека тужбата на Хрватска се отфрла бидејќи не се докажани обвиненијата дека е извршен геноцид. Словачкиот судија, за време на читањето на пресудата рече дека Србија не може да биде одговорна за дела извршени пред 27 април 1992 година, поради тоа што СРЈ дури тогаш станала членка на Обединетите нации и потписничка на Конфенцијата на ОН за спречување и казнување на геноцид. Како и дека голем дел од сведочењата кои ги изнела Хрватска пред судот имаат недостатоци, како и дека бројни полициски записници предадени на судот се без потпис од лицата кои ги давале изјавите. За контратужбата од Србија, Томка рече дека Судот оцени дека таа е втемелена и врзана фактички и правно за основната тужба. Бидејќи Хрватска станала потписничка на Конвенцијата на 8 октомври 1991 година делата извршени во 1995 година, односно за време на „Бура“ се опфатени со Конвенцијата, а за тоа дали судот утврдил дали имало геноцид ќе биде соопштено подоцна. Но според судот, дури и да се докаже дека постоела намера кај хрватите да се истера српското население од територијата на Хрватска, нема докази дека имале за цел физичко уништување на населението. Пресудата на МСП е конечна и обврзувачка за сите членки на ОН и државите имаат обврска да постапат по неа а немаат право на жалба на одлуката.
Слично

Поврзани вести