Хаг бара Србија да го уапси Шешељ и да го врати
Судскиот совет на Хашкиот трибунал за воени злосторства во Хаг побара од властите во Србија да го уапсат лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ и да го предадат на Трибуналот, пишува српското електронско издание „Novi magazin“.
Во писмото на Трибуналот, испратено до Министерството за правда, се наведува дека неговата здравствена состојба не може да биде пречка Шешељ да се врати во притвор на Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија.
Според нив здравствената состојба на Шешељ нема да биде нарушена по неговото враќање во Хаг. Во писмото се наведува дека апсењето на Шешељ треба да биде до 26 мај, или кога се има можност за тоа.
Слично
