Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хаџи-ангелковски: Го спасивме Павле, ќе ја спасиме и Македонија!

Хаџи-ангелковски: Го спасивме Павле, ќе ја спасиме и Македонија!
“Најискрено се надевам дека секој човек во нашата држава има барем еден пријател како Павле. Секој еден слободоумен граѓанин кој е против оваа власт е трн во окото на криминалците кои ни ја водат државата во пропаст. Ние сме платениците, разнебитувачите, хулиганите и што уште не. Велат дека сум бил платен од Сорос… Ако моите родители се „Сорос“, да, во тој случај тие се тие што ме „финансираат“. Не го правиме ние ова за пари. Го правиме ова за сонот, идејата, дека Македонија може и ќе биде демократска и проспреритетна држава” –вели за Фактор, активистот и студентот по медицина Демијан Хаџи-Aнгелковски. 13417704_10209310778877700_3358649770232090296_nИзмината турбулентна ноќ вели била исполнета со неповрзани чувства, гнев, револт, гордост, но никако и  страв помеѓу активистите на Шарената револуција. Бидејќи тие знаат за што се борат, точно знаат што сакаат и што бараат. Груевски вели е тој што треба да стравува, од сопствениот народ зад кој се крие со години. Да стравува од последиците поради направените криминали кои економски ги  клекнаа на колена  економијата, стопанството, општеството. Да стравува токму од тој “народ” на кој се повикува на своите собири кој со сила и закани  е донесен да присуствува и да брани туѓи интереси. Навистина, додава активистот  на “народот му е дојдено преку глава”  и добро е и што самиот Груевски  го заклучил тоа. Дека му се случува “Народ!” “ Преку говорот на експремиерот Груевски, кој патем се одвиваше додека Павле беше приведуван, ќе го препознаевте токму ова. Груевски се обидува да се сокрие зад зборот „народ“ за да може да се спаси од тоа што му се случи на Павле. По вчерашниот говор, повеќе од очигледно е дека Груевски е спремен на се’, само да не одговара за своите криминали и злодела. Но, има една многу важна работа што на Груевски не му е јасна. Тој остана сам. Стотиците илјади граѓани кои протестираат веќе 2 и пол месеци против него, се неговиот најголем страв. Може да се обиде да создаде немир, но искрено џабе му е. Никој повеќе не се плаши од малиот диктатор”- потенцира Демијан. Приведувањето на Павле според него воопшто не беше  случајно, на ноќта пред големиот протест на Шарената револуција. Активистите вели имаат сознанија за силни притисоци врз партиското членство на Груевски од неговите локални челници  денес да излезат  на контрапротест, наводно против притворот на градоначалникот Талевски. Но овие притисоци, додава Хаџи-Aнгелковски  се комплетно безуспешни бидејќи на сите граѓани им е или треба да им стане јасно дека   стигна крајот на манипулациите со народот и последиците кои треба да ги трпи поради комодитетот на стотина послушници на власта. „Токму вечерва се појавија неколку слики од пораки што биле испраќани до членови на ВМРО ДПМНЕ дека утре треба да дојдат на протест во Скопје. Верувам дека граѓаните знаат дека криминалот не смее да се штити туку треба најостро да се казни.Насилството од страна на Шарената Револуција секогаш било и ќе биде осудувано. Ниту еден граѓанин не сака насилно решавање на оваа криза. Повеќето граѓани знаат како функционира владината пропагандна машина. Па зарем во една мала држава, во која единственото што бараме е нормален, слободен и демократски живот, треба да воведеме раскол помеѓу граѓаните? Се разбира дека не. Една клучна разлика помеѓу шарените и Груевски е тоа што ние не сме насилници како него”- потенцира Демијан. Власта вели долго време  се обидува да ја дефокусира ситуацијата, како што беше и последниот пример со апсењето на професори од УКИМ,  во истиот ден кога Иванов целосно  ги повлече аболициите, а само ден претходно цврсто стоеше на ставот дека аболициите ќе останат за доброто на земјата и за излез од политичката криза. Хипокризијата во која со години се дави политиката но и граѓанството, според активистот Хаџи-Aнгелковски веќе е видена, препознаена и надмината. “Овој пат нешто не им оди како што треба. Чашата е веќе прелeaна. Граѓаните се спремни на се’. Сега тие ја контролираат ситуацијата. Не се плашиме и силно чекориме кон демократската иднина на Македонија”-додава Хаџи-Aнгелковски. Пораката по вчерашниот инцидент и на само неколку часа пред вечерашниот протест   е како што вели еднa, јасна и гласна: “Во Македонија мора да владее правото и демократијата!  Граѓаните мора да бидат сплотени и единствени во нивната, односно нашата, борба за слобода, еднаквост и правда. Само обединети ќе го победиме ова црно зло кое диктира со нашата држава. Ние си ја сакаме Македонија и единствено што не’ води и мотивира е истата да биде просперитетна и подобра, не само за нас, туку и за нашите поколенија!” -порачува активистот Демијан Хаџи-Aнгелковски. С.Б.
Слично

Поврзани вести