Економија, финансии, бизнис

Контакт

Х.Е.Р.А: Дали за Иванов сите закони се про форма или само оние за женските права?

Х.Е.Р.А: Дали за Иванов сите закони се про форма или само оние за женските права?

Претставниците од Х.Е.Р.А имаа средба со тимот на претседателот Ѓорѓе Иванов во врска со потпишувањето на указот за Законот за прекинување на бременоста од страна на претседателот.

По изнесените аргументи од страна на Х.Е.Р.А, советниците на претседателот посочиле дека станува збор за про форма измени и дека Претседателот не може да стори многу за промена на Законот.

„Олуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да го потпише  новиот Закон за прекинување на бременоста е заснована врз прилагодување на идеолошките убедувања и одлуките на администрацијата што го донесе, па повикувањето на правните аргументи“, сега е безпреметно, се вели во денешното соопштение на невладината организација Х.Е.Р.А.

„Дали за Претседателот Иванов сите закони во Македонија се про форма или само законите кои ги третираат и ограничуваат женските права?“, запрашуваат од Х.Е.Р.А.

Аргументите се однесуваат на нејасната причина за донесување на законот по итна постапка, отсуството ситуациона анализа и јавна дебата.

Х.Е.Р.А изразува зачуденост што тимот на Претседателот Иванов, не бил во тек со расправата за овој закон и покрај писмата од 72 македонски организации, 91 меѓународна и од евро-пратениците.

Во соопштението на Х.Е.Р.А се додава дека ќе ја продолжат битката со претставки пред Уставниот суд.

Слично

Поврзани вести