Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГУЖВИ НА БЕНЗИНСКИТЕ, ПАНИКА МЕЃУ ГРАЃАНИТЕ: Возачи тврдат дека на бензински не им точеле дизел гориво затоа што немале, Владата тврди дека нема никакви проблеми

ГУЖВИ НА БЕНЗИНСКИТЕ, ПАНИКА МЕЃУ ГРАЃАНИТЕ: Возачи тврдат дека на бензински не им точеле дизел гориво затоа што немале, Владата тврди дека нема никакви проблеми

Дел од граѓаните и синоќа реагираа дека на одредени бензински пумпи во земјава има потешкотии при точење дизел, иако засега нема официјална потврда за ограничувања од надлежните институции.

Според сведоштва на граѓани, на некои бензински пумпи воопшто не се точи дизел, додека на други се споменува неофицијално ограничување на количината што може да се наточи, што создава гужви и нервоза меѓу возачите.

„На некои бензински не точат дизел и ме вратија назад. На повеќето бензински беше така. Ова е невиден хаос. Никој ништо официјално не кажува, а паника меѓу луѓето веќе има, иако државата тврди дека имаме доволно нафта“, вели Б.З. возач од Скопје.

Сепак, од Владата уверуваат дека нема проблем со снабдувањето со нафтени деривати. Премиерот Христијан Мицкоски, по завчерашната средба со претставници на нафтената индустрија, изјави дека состојбата е стабилна.

„Залихи на горива има и нафтените потреби целосно се задоволуваат. Состојбата е под контрола“, порача Мицкоски.

Во меѓувреме, цената на нафтата на светските пазари бележи раст поради тензиите на Блискиот Исток, што дополнително ги зголемува стравувањата кај граѓаните дека во наредниот период е можно поскапување на горивата.


Слично

Поврзани вести