Гужви на бензинските, Бектеши вели нема потреба од паника
Во неколку градови во Maкедонија имало километарски колони на бензинските пумпи.
Надлежните смируваат дека нема потреба од паника.
„Нема криза за снабдување со нафта и нафтени деривати. Има доволно резерви и кај трговците со деривати и во државните стокови резерви. Да не се прави паника кај граѓаните дека ќе има рестрикции на нафта и нафтени деривати, кажа министерот за екиномија Крешник Бектеши во денешното гостување во дневникот на Сител телевизија.
Министерот кажа доколку има санкции кон Русија нема да се почуствува многу во Северна Македонија директно бидејќи трговската размена со Русија е околу 1,5 отсто во однос на вкупната размена со светот но ќе кма индиректно влијание во делот на енергенсите пред се на европските пазари со кои нашата земја има 70 отсто од трговската размена.
фото Принт скрин
видео Струмица Денес
